Страшен масакр каков што Србија не памети се случи денеска во основното училиште Владислав Рибникар во Белград, каде малолетниот К.К. уби девет лица!
Тој им ги одзел животите на осум ученици, од кои седум девојчиња и едно момче, како и на училишниот чувар, додека тешко ранил уште шест лица, од кои некои се борат за живот, меѓу кои и наставничката и некои ученици.
Меѓу жртвите е и Е.К., ќерката на прославениот српски одбојкар, подоцна тренер Драган Кобиљски. Некогаш играл за Партизан како одбојкар, додека подоцна како тренер бил шеф на стручниот штаб на одбојкарскиот клуб Црвена ѕвезда.
Пред училиштето во Врачар каде се случи масакрот, бил и познатиот српски кошаркар Душко Савановиќ, кој го чекал своето дете, а за среќа потврди дека неговата ќерка е добро и неповредена го напуштила училиштето.
Be the first to write a comment.