„Доби единица по историја и потоа полуде. Пукаше во историчарката во кабинетот, а потоа и во соучениците. Ги има сите петки, а сите го нарекувавме ШТРЕБЕР“, велат учениците од ОУ „Владислав Рибникар“.
Последните информации кои ги јавуваат српските медиуми велат дека во нападот се убиени девет лица, од кои осум ученици и еден чувар. По масакрот полицијата го уаспила убиецот.
Како што дознава Новости, седмоодделенецот прво пукал во чуварот, а потоа и во учениците кои биле во ходникот. Се претпоставува дека бил под дејство на наркотици. Инаку, ученикот кој го изврши масакрот во училиштето бил примерен ученик и е дете на здравствени работници.
Како што може да се види во училишната евиденција, Коста Кечмановиќ учествувал на многу училишни натпревари. Неколку пати учествувал на натпревари по математика и добиваше пофалби, пишува Нова.рс. Кецмановиќ лани го освоил и третото место на општинскиот натпревар по историја.
– Се плашевме, настана хаос, паника. Се криевме. Го застрела чуварот во глава – велат шокираните деца.
– Слушнав пукање, некои ученици веднаш излегоа во ходникот да видат што се случува. Отпрвин мислев дека нешто се слуша надвор. Сите почнаа да врескаат, настана општа паника, сите почнаа да трчаат, кога излегов го видов, дојде и впери пиштол во сите нас – низ солзи раскажува за „Блиц“ еден од шокираните студенти.
Be the first to write a comment.