Српската фолк пејачкат Сања Малетиќ храбро излезе во јавноста со изјави за бременост и ин витро оплодување. Имено, таа со години се обидува да остане бремена, но не и успева, а нема време ниту да се опорави од тешките ситуации.
– Се додека дишам, се додека има каква било шанса од Бога и природата, тука сум и нема да се откажам. Долго не можам да посвојам дете, јас сум родена 73-та, луѓето на моја возраст не можат да посвојуваат деца. Имам своја битка, има многу неуспеси, да успеев до сега ќе ја објавив на сите ѕвона. Кога си јавна личност, нема време да се сожалуваш себеси или ситуацијата каква што е. Нема време за плачење, мора да се продолжи, има и други обврски, изјави пејачката претходно за Нова.рс.
Сања зборувала и за болеста на тироидната жлезда која ја добила пред извесно време, но и за Хашимото.
– Добив болест на тироидната жлезда, а со тоа и „бесплатно“ ја добив болеста Хашимото, која е многу сериозна автоимуна болест. Јас и господинот Јапонец разговараме. Кога имам обврски, тогаш наутро се договараме за се. Важно е психолошки да се приспособиш и да се однесуваш, односно јас сум повторно шеф. Колку и да е сериозна болеста, има надеж. Јас сум жена која цврсто стои на нозе и додека дишам ги влечам конците и јас сум сопственик на мојот живот. Не дозволувам ништо да ме вознемирува, едноставно не дозволувам, изјави тогаш Сања.
Да потсетиме, Сања Малетиќ е присутна на естрадата многу долго време. Фолкерка со години ужива во бракот со извесен Љубиша, а како изгледа тој погледнете на фотографијата.
Be the first to write a comment.