Рената Ловринчевиќ Буљан на гламурозен начин го прослави својот 47 роденден, а не можеше да помине незабележано ниту нејзиниот фустан.
Поранешната хрватска мисица Рената Ловринчевиќ Буљан им се пофали на следбениците како изгледала нејзината роденденска забава, но и што облекла за нејзиниот 47 роденден.
Таа објави видео на кое позира со балони во тесен фустан со длабоко деколте, а јасно се гледа дека не носи градник. Внимание привлече и нејзината добро извајана фигура. Бранови во косата и златни сандали со отворени потпетици – одлично се вклопуваат во роденденската облека.
Рената на своите следбеници го покажа и просторот каде го прослави роденденот. Следбениците ѝ го честитаа роденденот во коментарите и и посакаа најубави роденденски желби.
Инаку, таа по повод роденденот на Инстаграм се пофали со подарокот што го доби од сопругот и двата сина.
Да потсетиме, поранешната мисица е среќно мажена за професионалниот војник Питер Буљан, кој двапати бил во Авганистан, а понекогаш оди со неа на натпреварите на синот, голманот на Хајдук, Борна Буљан.
Be the first to write a comment.