На први јули во 23.30 часот во полициска станица 21-годишен жител на Скопје пријавил дека бил измамен од А.Ц..

Според пријавеното, на 22.06.2022 на својот фејсбук профил го огласил за продажба возилото „мерцедес” за сума од 55.000 евра, по што на 24.06.2022 му се јавил А.Ц. и побарал да се сретнат и да се договорат да го купи возилото.

Како што е пријавено, по неколку средби се договориле да направат размена и А.Ц. да му доплати уште 40.000 евра.

Исто така, според пријавеното, тие направиле и договор за размена, по што ги размениле возилата, но до пријавувањето на настанот А.Ц се уште не му ги дал парите, а по повеќето телефонски разговори одбил да му го врати и возилото.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.