Убиената мајка од Масачусетс, Ана Волш, го поминала Денот на благодарноста во Даблин со мистериозен љубовник околу еден месец пред нејзиниот сопруг да ја убие на Нова година, според новите судски поднесоци. Неидентификуваниот љубовник и кажал на полицијата и дека неколку месеци бил во врска со мајката на три деца, пишува Дејли мејл.
Ана Волш (39), директорка за недвижнини од Кохасет, Масачусетс, мистериозно исчезна на 1 јануари и се претпоставува дека е мртва, иако нејзиното тело не е пронајдено. Властите го обвинија Брајан Волш, нејзиниот 47-годишен сопруг, за убиство од прв степен. Полицијата вели дека пронашла грозоморни докази кои го поврзуваат со злосторството, како што се нејзината облека и пребарувањето на Google за тоа како да се распарчи и фрли телото наводно пронајдено на iPad на неговиот син, пишува New York Post.
Обвинителите изјавија дека тој ја претепал сопругата до смрт откако ја открил нејзината афера, а потоа ја исекол во семејниот подрум. Брајан Волш беше изведен во четвртокот пред Врховниот суд во Норфолк. Неколку дена пред нејзината смрт, Ана на пријателка и кажала дека мислела дека нејзиниот сопруг ќе оди во затвор, најверојатно поради обвинение за измама со уметност, и дека планира да го остави и да се пресели во Вашингтон, според судските документи.
Ана била „невообичаено емотивна и крајно вознемирена“ кога тоа и го признала на својата пријателка за време на вечерата, пишува весникот. Адвокатот на Брајан во четвртокот призна дека мајката на обвинетиот ангажирала приватен детектив да ја следи Ана за време на патувањето во главниот град на САД, бидејќи таа се сомневала во неверство.
Но, нејзиниот син немал причина да се сомнева дека неговата сопруга го изневерува додека таа исчезнала, тврди адвокатот. Обвинителите го оспорија ова, велејќи дека Брајан опсесивно го проверил профилот на Инстаграм на маж од Вашингтон, за кој мислел дека е љубовник на неговата сопруга.
Тие тврдеа дека Брајан би можел да добие многу ако Ана умре – на пример, 2,7 милиони долари исплати за животно осигурување, според Дејли мејл. Но, одбраната тврдеше дека тоа не е мотивот – парите не му требаат бидејќи неговото семејство било богато. Одбраната тврдеше дека Ана можела да исчезне по сопствена волја.
Во моментот на убиството синовите биле дома/ Да потсетиме, обвинителите изјавија дека Валш ја убил својата сопруга Ана Валш во нивниот дом во Кохасет на Нова година. Тројцата мали сина, наводно, биле дома во тоа време. Инспекторите се сомневаат дека Брајан го уништил телото на неговата сопруга и дека нејзините останки можеби биле изгорени во објект за ѓубре.
Be the first to write a comment.