Сончевото време намами многу познати личности од хрватскиот јавен живот на денешниот шпиц во Загреб. Снежана Мехун Шилингер, музичарот Јурица Паѓен, поранешната премиерка Јадранка Косор, ТВ водителот Фрањо Риѓан, актерката Мила Елеговиќ, актерот Драган Деспот, министерот Давор Филиповиќ и неговото семејство најдоа време за прошетка.
Посебно бнимание со својот изглед привлече Снежана Шилингер екс Мехун (51) која во тамоѓната јавност е позната како успешен претприемач. Снежана неодамна за Story.hr откри како го задржала природниот изглед низ годините.
– Знаете, на 20 години го имате изгледот што ви го дал Господ, а подоцна тоа е резултат на сопствениот живот, задоволство од себе и работата на себе! Се трудам да живеам здраво, физички и психички. И двете се важни и сите денес знаеме многу за тоа, но мислам дека најважно е да се биде во природа и внатрешното задоволство, изјави Снежана.
📸
📸
📸
📸
Be the first to write a comment.