Васко Стефанов ќе биде нов директор на АД ЕСМ по повлекувањето на Васко Ковачевски, неофицијално дознава „Фокус“.

Инаку, Стефанов стана директор на „Македонска Пошта“ по разрешување на Јани Макрадули, а бил директор и на Водостопанство.

Како што веќе објавивме, Ковачевски уште пред една година има депонирано оставка, меѓутоа сега ќе му биде прифатена.