Вистинска драма се случувала синоќа по 21 часот, кога по тунелот Катланово, на патот Скопје – Велес голем одрон го блокираше сообраќајот и многу возила и патници останаа затекнати во страв и неизвесност поради оваа ситуација.
Кај месноста Ветерско близу до патарината Сопот маса камења и карпи паднале на патната линија на потегот од Катланово кон Велес и екипите на ЈП „Македонија пат“ од Скопје и Велес работеле цела ноќ за да го расчистат теренот. Сообраќајот, како што јави ЦУК и АМСМ целосно е нормализиран за сите категории возила дури утрово во 6.20 часот.
Многу од возачите кои налетале на одронот доцна во ноќта побарале алтернативни начини да го продолжат патувањето, па се упатувале преку околниот шумски пат преку селото Ветерско, кој пак е во лоша состојба.
– Читателка на „Слободен печат“ ни пиша за голготата која ја поминала минатата ноќ и упати барање, преку оваа објава да и помогнеме да ги пронајде двете момчиња и девојка кои и помогнале како што вели „буквално да излеземе од калта во која залавивме поради одронот“. Тие се превезувале со некаков џип, со велешки регистарски таблички, објави СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
– Сите возила беа пренасочени да одат по стариот пат покрај селото Ветерско. Воземе низ планина повеќе од 1 час. Не ги познавам и не знам како да стигнам до нив за лично да им се заблагодарам, а се се случуваше многу брзо и не сакавме да правиме дополнителен застој, а нивната помош многу значеше во тој момент, пишува Елена Илкачева.
Таа додава дека во критичниот момент била уште едно женско лице, а нивното возило „Тојота Корола“ не било соодветно за таков терен, на температури блиску до нулата.
Додека траело нивното спасување, имало возила кои само ги заобиколиле без да им пружат било каква помош на патот, нагласува таа.
Be the first to write a comment.