Реки од народ на протест пред Владата на Република Македонија. Македонскиот народ масовно излегува и со македонски знамиња и пароли јасно порача: „НЕ за бугаризација“.

„Овде нема партија, овде е само Македонија. Она кое што сакам да го порачам е дека денеска Македонија се буди и сите оние кои сакаат со потпис да стаат крај на Македонија, ќе стават крај“, кажа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски пред владата каде што народот денеска се собра да го искаже своето незадоволство од францускиот предлог.

– Јас не сакам да бидам во Европа бидејќи сакам да сум Македонец. На оние од Владата сакам да им порачам дека за мене е важна пораката на овие илјадници луѓе овдека, тоа е ‘не’, додаде Мицкоски.

Протестот под мотото „УЛТИМАТУМ – Не благодарам“ го поддржаа политички партии и граѓански организации. Тие се против тоа Владата да го потпише францускиот предлог кој, како што истакнуваат, е исклучително лош за македонскиот народ и македонските национални интереси.

Протестот доби поддршка и од најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, чиј лидер Христија Мицкоски ги повика граѓаните да се приклучат, за, како што кажа, да се одбрани тоа што се нарекува европска вредност и да се спаси процесот на преговори со Европската Унија.

📸

📸

📸

Според Мицкоски, „предлогот е ултиматум и бугарски диктат за мегаломански барања и историски аспирации кон Македонија“.