Со задоволство објавуваме дека ги подаруваме 900-те велосипеди кои не се продадени минатата година поради мали гребнатинки и оштетувања. Сите велосипеди се сè уште добри. Така, ќе им делиме по случаен избор на сите што ќе кажат „благодарам“ пред 7 април….
Оваа порака објавена од лажна Фејсбук страна на ланецот маркети КИПЕР изненади неколку илјади македонски граѓани кои коментираа со БЛАГОДАРАМ, надевајќи се дека на подарок ќе добијат велосипед, односно еден од наводно 900-те кои се доделуваат поради мали гребнатинки и оштетувања, а кои не биле продадени минатата година.
За нешто повеќе од 5 часа по објавата, на лажната Фејсбук страна коментираа повеќе од 6 илјади македонски граѓани и постот има речиси 1.500 споделувања. Откако измамените луѓе ќе искоментираат со БЛАГОДАРАМ, ја добиваат следнава автоматска порака:
– Само уште еден чекор. Притиснете го копчето за регистрација кое се наоѓа на врвот на нашата страница за да ја потврдите вашата регистрација. Со среќа.
Засега нема никакво известување на официјалната ФБ страна на маеркетот дека се работи за лажна страна која го користи нивниот бренд и измислува лажа наградна игра со која се измамени илјадници луѓе.
Апелираме нашите читатели да не наседнуваат на оваа измама.
Be the first to write a comment.