Навивачката група Шверцери Скопје се вклучуваат во потрагата по Аниса и Мелиса, девојчиња на возраст од 12 и 15 години кои од вчера се исчезнати.
„Ги повикуваме нашите членови од секое маало, од секоја подгрупа, од 21:30 до 22:00 часот, ве очекуваме да се сретнеме на плоштадот Скендербеу, а од тука ќе излеземе во потрага по нашите сестри. Ни треба помош од сите! Аниса и Мелиса се наши ќерки и сестри!“, посочуваат од таму.
Полицијата од вчера трага по 12-годишната Аниса Ајро и 15-годишната Мелиса К.
Двата случаи вчера ги пријавиле татковците на девојчињата. Според информациите од МВР, 15-годишното девојче досега повеќепати го напуштала домот и била враќана назад.
– На 30.03.2023 во Полициска станица Бит Пазар во 20.30 часот Е.А.(38) пријавил дека се оддалечила неговата ќерка А.А.(12), а околу 22.00 часот Ѓ.О.(39) пријавил дека се оддалечила неговата ќерка М.К.(15). М.К. и претходно во повеќе наврати се оддалечувала од домот и била враќана назад. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата – соопшти МВР.
Претходно денеска во изјава за Макфакс, таткото на 12-годишното девојче oд скопската населба Гази Баба, Енгин, рече дека неговата ќерка Аниса Ајро последен пат била видена вчера утрото на паузата во училишниот ходник. Тоа на таткото му го раскажала нејзина другарка која последен пат ја видела на тоа место. Оттогаш на девојката и се губи секаква трага, раскажува таткото.
Тој и самиот упатува повик преку медиумите и на социјалните мрежи секој кој поседува некоја информација да го контактира на телефонскиот број +389 72232 983.
Be the first to write a comment.