Наставник по физичко во основно училиште во Прилеп е фатен со дрога и приведен во полициска станица, дознава Фокус. Се работи за 54-годишен прилепчанец со иницијали В.А.
„На 22.03.2023 во 18.20 часот во Прилеп од страна на полициски службеници од СВР Битола ,надворешна канцеларија за криминалистички работи при ОВР Прилеп при преглед кај В. А.(54 )од Прилеп била пронајдена бела грутчеста материја. Лицето е лишено од слобода и по документирање на настанот ќе следува соодветна пријава“, информираа од полицијата.
Пред неколку дена, пак, во полициска акција за разбивање на мрежа на дилери беше уапсена наставничка од основното училиште „Александар Македонски“ во Аеродром, која била вклучена во продажба и производство на амфетамини.
Be the first to write a comment.