Пред нешто повеќе од две години, Нива Перлет (11) ненадејно почина откако колабирала во училишното игралиште во Оксфорд. По пристигнувањето на местото на трагедијата Брзата помош констатирала дека Нива има неоперабилна аневризма (проширување на крвните садови) и била ставена во вештачка кома од која, за жал, никогаш не се разбудила.
Нејзините родители сега собираат пари во нејзина чест, кои ќе бидат пренасочени на децата на кои им треба.
Страшната трагедија се случи во март 2021 година. Девојчето починало во болница еден ден по немилиот настан. Сега, две години по нејзината смрт, родителите на девојчето открија дека сè уште одат во нејзината стара соба и „разговараат со неа секој ден“, пренесува Мирор.
„Ја држиме вратата отворена и секој ден влегуваме да разговараме со неа. Кога ќе ви се случи нешто вакво трауматично, се чувствувате како речиси да живеете во балон и концептот за време целосно се менува – не можам да сфатам дека поминаа две години и некако ги преживеавме“, рекла мајката на девојчето.
Пријателите од училиштето на починатото девојче велат дека таа била темпераментна и весела, сакала да пее, да чита книги и сакала кучиња. Нагласуваат и дека неизмерно им недостига. Пријателите на семејството Перлет решија да трчаат маратон во чест на Нива.
„Може да врне, да биде ветровито или топло. Наше е да истраеме. Нè очекуваат месеци напорна подготовка и тренинзи, но ќе издржиме“, вели еден од пријателите на семејството.
Be the first to write a comment.