Таткото на исчезнатиот Самоил Костадиновски, познат како внук на политичарот Љубе Бошковски, за кого веќе 20-тина дена нема информација каде се наоѓа, нуди парична награда за негово пронаоѓање.
Љупчо Костадиновски за А1он вели дека нудат и парична награда за информација во врска со исчезнувањето на неговиот син.
„Молк од сите страни, а него сѐ уште го нема. Не изгубив точак, изгубив дете и сѐ што барам е информација што се случило и каде е мојот син“, вели тој.
Љупчо е брат на Виолета, сопругата на Љубе Бошкоски. Полицијата уапси две лица во врска со грабнувањето на 4 март, но досега семејството нема никаква информација за Самоил.
Be the first to write a comment.