Полскиот министер за правда, Збигњев Зиобро, е забележан со пиштол на појасот на официјален настан при положување венец цвеќе на споменикот во сеќавање на жртвите на рударска несреќа во Полска.

Откако видео снимката која ја направија медиумите се прошири на социјалните мрежи, полскиот министер објасни дека дозволата за носење оружје ја добил пред неколку години, поради тоа што имало закани по неговиот живот.

Како што рече Зиобро, пиштолот го носи откако на негово убиство повикал босот на организираниот криминал во земјата.

-Како и секој граѓанин имам право да се заштитам себе и своето семејство – рече Зиобро.