Жена од Холандија, која живеела во Скопје, вчеравечер била пронајдена почината во стан во близина на Бит-пазар, соопшти МВР.

„Денеска (09.03.2023) во 00.22 часот во СВР Скопје било пријавено дека во дом на подрачјето на Бит Пазар била пронајдена почината С.Л.К.(52) од Кралството Холандија, со живеалиште во Скопје. Смрт без видливи траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош“, велат од полицијата.

По наредба на обвинител, телото на починатата било дадено на обдукција.