Хирург од Лозница бил нападнат на работното место, а тоа се случило завчера на Одделот за општа хирургија во Општата болница во Лозница. Лекарот се здобил со полесни повреди, а според неофицијални информации бил нападнат од брат на пациентот кој починал. За нападот била известена и полициската станица во Лозница која била на лице место.
– Хирургот бил удрен од братот на пациентот кој починал во Белград, каде што очигледно бил испратен од болницата во Лозница. Наводно дошол на хирургија за да дознае што се случило, дали се работи за погрешна дијагноза, а потоа најверојатно во напад на бес го нападнал докторот. Полицијата била во болница, контактирано е Обвинителството, но нема елементи за кривично дело туку за прекршочна пријава за лицето кое го нападна лекарот. Хирургот се здобил со полесни физички повреди, добил тупаница во пределот на препоните, во таа прилика паднал и се здобил со набиен лакт – вели соговорникза српските медиуми.
Инаку, информацијата за нападот на хирургот беше објавена вчера на официјалната веб-страница на болницата, но истиот ден беше отстранета. Од оваа институција ги демантираат информациите од социјалните мрежи дека хирургија не работела поради овој инцидент. Тие денеска излегоа со официјално соопштение од Општата болница (ОБ) во Лозница, во кое потврдија дека „во понеделникот се случил несакан настан – напад на вработениот д-р Андрија Стојановиќ, специјалист по абдоминална хирургија во ОБ Лозница.
– Абдоминалниот хирург д-р Андрија Стојановиќ беше физички нападнат од роднини на пациент на 6 март во Одделот за хирургија во ходникот и се здоби со полесни повреди. Управата на ОБ Лозница, Синдикатот на лекари и фармацевти, вработените во ОБ Лозница изразуваат незадоволство и загриженост поради се позачестените вербални и физички напади врз здравствените работници кои се изложени на вандализам и насилство на нивните работни места без никаква заштита. Се очекува сторителите на ваквите дела да бидат најстрого санкционирани т.е. итни мерки за да не се повторат вакви и слични случаи. За инцидентот била известена полициската станица во Лозница и здравствената инспекција на Министерството за здравство – се вели во соопштението на Драгана Митровиќ, портпарол на болницата.
Инаку, овој инцидент предизвика спротивставени коментари кај лозничани, од осуда на нападот врз здравствениот работник до оние кои велат дека „со чест на исклучоци“, искажуваат низа приговори за работата на поединечни лекари и медицински персонал.
Be the first to write a comment.