Вчера во 18.55 часот во скопската полиција е пријавено дека на автопатот Северна обиколница на град Скопје, во насока од Куманово кон Тетово, во близина на клучка Стенковец, товарно возило удрило во Б.Џ.(31) од село Романовце, кумановско, како и во Ш.Е.(34) и Р.Е.(30), двајцата од село Танушевци, скопско, кои биле до паркирано товарно возило „МАН“.

На местото на несреќата починал Р.Е., а смрт била констатирана од лекар од Итна медицинска помош. Со телесни повреди се здобиле Б.Џ. и Ш.Е., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

За настанот бил известен Јавен обвинител, а увид извршила екипа од СВР Скопје.