(ФБ статус на Никола Груевски)

Тивок, мирен, скромен, ненаметлив, стабилен, цврст карактер, аналитичен, со мудри и промислени одлуки, лојален на тие со кои соработува и пред се човек.

Имаше јасна идеолошка профилација, беше голем македонски патриот, пратеник уште во првиот состав на парламентот, директор, партиски активист и функционер од самите почетоци, пријател и горд Македонец. Таков човек беше Љупчо Јакимовски и како таков ќе го паметам.

Сочуство до најблиските. Нека почива во мир!

Јакимоски почуна во 61-та година од животот

Во 61-та година од животот, по кратко боледување, почина Љупчо Јакимоски, поранешен директор на МИА и МРТ.

Јакимоски е роден во 1961 година во селото Велестово кај Охрид. Завршил Филолошки факултет во Скопје- група Историја на книжевностите на народите на СФРЈ.

Двапати е избран за пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, во првиот парламентарен состав, а потоа и во 1998. Истата година година е избран за генерален директор на Македонската радио телевизија, функција која ја извршува до 2002 година.

Во 2006 година, Јакимоски е избран за директор и главен и одговорен уредник на МИА, а на функцијата се задржа 11 години, до 2017-тата.