Во 61-та година од животот, по кратко боледување, почина Љупчо Јакимоски, поранешен директор на МИА и МРТ.
Јакимоски е роден во 1961 година во селото Велестово кај Охрид. Завршил Филолошки факултет во Скопје- група Историја на книжевностите на народите на СФРЈ.
Двапати е избран за пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, во првиот парламентарен состав, а потоа и во 1998. Истата година година е избран за генерален директор на Македонската радио телевизија, функција која ја извршува до 2002 година.
Во 2006 година, Јакимоски е избран за директор и главен и одговорен уредник на МИА, а на функцијата се задржа 11 години, до 2017-тата.
Закопот ќе се изврши во среда, на 8 март, во неговото родно Велестово.
Be the first to write a comment.