СИТЕЛ ОБЈАВУВА: Има информации за трето починато лице, над 150 мажи се собраа на местото, пристигнува ЕБР
Телевизија Сител во вечерните вести јавува дека покрај информациите за двете убиени лица вечерва во старата Скопска чаршија, кои се потврдени, се зборува дека има починато уште едно, трето лице, но засега ваквите информации не се потврдени.
Репортерката на Сител, Катерина Нешкова, од лице место јави дека едно лице е пренесно во болница и е надвор од животна опасност, но дека за третото лице за кое се зборува дека загинало заедно со Јетон Кривањева викан Жила и Енес Исени познат како Лаци, не се знае дали е починато на местото на настанот или е пренесно во болница.
Нешкова во својата изјава додаде дека пред објектот каде се случило двојното убиство се собрани околу 150 претежно млади мажи, па поради тоа специјалци на МВР од Единицата за брзо распоредување (ЕБР) пристигнуваат таму најверојатно со задача да спречат некакви инциденти и да ја разбијат групата.
Исто така, според зборувањата низ чаршијата не се исклучува дека убиството може да има и политичка заднина.
Претходно, порталот МКД.мк повиквуајќи се на свои изори убобјави дека „според некои информации до кои дојдовме станува збор за крвна одмазда која своите корени ги влече во претходни убиства во населбата Чаир“.
По убиството, со „аудито“ четитите лица го напуштиле местото, а наскоро возилото било полиено со бензин и запалено, а за тоа сведочи само регистерската табличка.
ФОТО: 360 степени
Be the first to write a comment.