Македонката Милица Ризо Трајков од Кавадарци (18 години) се појави синоќа во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ и слободно може да се каже дека го шокираше цел регион.

Нашата Милица успа да се пласира во следниот круг, откако на драматичен начин беше избрана по настапот во баражот.

Младата пејачка се појави на грандиозната сцена во веројатно досега невидено (за овие простори) издание и со својата појава никого не остави рамнодушен. Нејзин ментор е Александар Мили.

Младата кавадарчанка се пофали дека за нејзиното синоќешно издание се погрижила дизајнерката Боркица Квин од Кавадарци. Трајков за својот настап доби четири гласа и обезбеди место во баражот кој успешно го мина, но на социјалните мрежи не толку многу се коментираше нејзиното пеење, колку нејзиниот екстравагантен изглед.

Шармантната девојка во слободното време се занимава со модерен балет. Во продолжение погледнете го нејзиното шокантно издание со кое се претстави синоќа во „Ѕвездите на Гранд“:

📸

📸

📸

📸

📸

📸

📸

📸

Нејзиниот целосен настап пак, можете да го погледнете во видеото подоле на 1:41:00, како и драматичното поминување во следниот круг на крајот од емисијата.

7 луѓе кои решиле да го променат својот изглед и сега би дале се за да можат да го вратат 🔻🔻🔻