Првите извештаи на лекарите покажуваат дека моментот кога Анита Алварез изгубила свест не оставил последици по нејзиното здравје.
За време на натпреварот во синхронизирано пливање, Анита изгуби свест и почнала да тоне. Нејзината тренерка Андреа Фуентес веднаш скокна во базенот, нурна и ја извлече онесвестената натпреварувачка од дното на базенот.
Сепак, оваа ужасна сцена загрижи многумина ширум планетата и сите се прашуваа што всушност се случило со пливачката.
Андреа во изјава за медиумите откри се по деталниот лекарски преглед.
„Анита е добро – лекарите ги проверија сите витални показатели и се е во ред: пулс, кислород, ниво на шеќер, крвен притисок, се е во ред. Понекогаш забораваме дека тоа се случува и во други спортови со висока издржливост. Маратон, велосипедизам, крос кантри. .. сите сме виделе слики на кои некои спортисти не стигнуваат до целта, а други им помагаат да стигнат таму. Нашиот спорт не се разликува од другите, само во базенот, ги поместуваме границите и понекогаш ги наоѓаме. Анита сега се чувствува добро и докторите велат дека е добро. Утре ќе мирува цел ден и со докторот ќе одлучи дали може да го преплива финалето или не. Ви благодариме за сите убави желби за Анита, изјави Андреа Фуентес.
Be the first to write a comment.