Белиот и полубел леб се врати на рафтовите во маркети по цена од 33 денари.

Ова следува отткако пекарите се согласија дека ќе почне да испорачуват леб, но истовремено најавија и дека ќе поведат судска постапка за наплата на штетата од владината одлука за замрзнувањето на цената.

Во меѓувреме, од Владата најавија дека следната недела ќе се носи одлука за замрзнување на цените и на тестенините и млечните производи.

– Министерството за економија речиси ги заврши анализите за замрзнување на цените на дел од производите, особено за тестенините и млечните производи. До крајот на неделата или наредната недела ќе се носат одлуките, најави министерот за економија Крешник Бектеши.

Тој, во Тема на денот на телевизија Сител, кажа дека откако ќе ги завршат анализите ќе ја информираат Владата и посочи дека ќе се анализираат сите производи наведени во одлуката на Владата за замрзнување на трговската маржа.