Адвокатот на еден од повредените во несреќата кај Темби, Јоргос Барцокис, вчера во директен пренос на комерцијална телевизиска програма откри шокантни информации.
„Веднаш по излегувањето на возот од Атина од станицата во Лариса, во просториите на станицата, или во просторот пред влезната врата, се слушаше гласна музика и се слушаа извици, како што е вообичаено на забавите“ – рече Барцокис.
Тој не можеше да одговори на прашањето дали се работи за прослава, но ги потврди сведочењата на луѓето кои живеат во близина дека од просториите на станицата после 23 часот се слушала гласна музика два вечери по ред.
Адвокатот Барцокис во овој момент само ја информираше јавноста и ќе ја разгледа можноста да покрене судски спор со неговиот клиент, кој се здоби со повеќе повреди во судир на воз.
Инаку, вчераутро по наредба на надлежен обвинител, специјалните единици на полицијата од Лариса ја блокираа станицата во тој град и извршија детален преглед на сите достапни документи, компјутерски досиеја и извршија опсежен распит на сите вработени.
Медиумите сметаат дека се уште има некои непознати и дека ова е обид да се дојде до целосно сознание за вистинските причини за катастрофалната несреќа во која животот го загубија најмалку 57, главно млади луѓе.
Be the first to write a comment.