23-годишната Ифигенија Мицка, која беше меѓу исчезнатите по железничката несреќа во Темпи, го загубила животот во трагедијата, јавуваат вечерва грчките медиуми.

Како што соопшти претходно адвокатката на нејзиното семејство, телото на девојката е идентификувано со ДНК анализа. Се потсетува дека роднините на 23-годишната девојка ја барале преку социјалните мрежи.

„За жал, несреќната 23-годишна Ифигенија е мртва бидејќи нејзиното тело неодамна беше идентификувано со методот на ДНК, изјавила адвокатката на нејзиното семејство.

Во меѓувреме, во Грција се шират низа апели до медиумите и социјалните мрежи за исчезнати луѓе од Темпи. Пријателите и роднините избезумено се обидуваат да ги лоцираат своите најблиски кои се исчезнати по смртоносниот судир на два воза во Темпи во вторникот вечерта, додека трагичниот биланс на несреќата достигна 57 загинати, а се чека идентификација на десетици тела извлечени од местото на трагедијата.

Грчките медиуми објавуваат дека попладневио ќе се изврши идентификација на телата на жртвите од возот кои досега се извлечени, со процесот на ДНК, од страна на полицијата во соработка со форензичката служба, како дел од протоколот запазен во случаите на масовни катастрофи

На крајот од процесот телата ќе бидат предадени на нивните роднини. Во исто време продолжува потрагата и идентификацијата на други лица кои се исчезнати или ги загубиле животите.

ОВА СЕ 5 ИЗНЕНАДУВАЧКИ ПРИЧИНИ ЗА РАЗВОЈ НА КАРЦИНОМ