Откако 16 кандидати се претставија пред публиката, водителите соопштија кои се пласира во финалето. Вечерва се одржа првата полуфинална вечер на настанот „Песна за Евровизија ’23“, на која се избира претставник на Србија во Торино.

Пред публиката се претставија 16 изведувачи, а 8 од нив се пласираа во финалето што ќе се одржи во сабота, 4 март.

Место во големото финале го обезбедија следниве изведувачи: Stefan Shy, Princ od Vranja, CHEGI & Braća Bluz bend, Boris Subotić, Luka Blek, Filip Baloš, Nađa i Emphaty Soul Project.

Најголемото разочарување оваа вечер, барем што може да се заклучи врз основа на коментари на социјалните мрежи е Ангелина која се претстави со песната „Ланец“ и не се пласираше ниту во финалето како еден од најголемите фаворити.

Тијана Дапчевиќ не помина

Тијана Дапчевиќ и оваа година, како и претходните настапи на Фестивалот на избор за песна за Евровизија, каде се обиде да обезбеди виза за Торино.

Таа избра елегантен фустан во розова боја за изведбата, кој имаше длабоко деколте.

Сепак, Тијана воглавно предизвика внимание со изјавите што ги даде по отпеаната песна.

– Уживам во сцената. Ја сакам оваа песна. Јас се обложив со сестра ми дека ако победиме, ќе се шишаме двете исто на НУЛА, ќелави. Доколку победам ќе бидам ќелава. Ќе ми биде голема чест да ја претставувам својата земја, рече таа.