(ФБ статус на новинарот Фуркан Салиу)

Фала му на Господ работите почнаа да се движат во добра насока за да конечно се расчисти случајот со малолетничката во Прилеп.

#ОЈО- Прилеп ги демантира тврдењата на МВР дека е констатирано дека не постојат елементи за кривично дело.

Одговор од #МВР:

“Од страна на полициски службеници се преземени мерки и активности, за случајот е известен јавен обвинител при што било констатирано дека не постојат елементи за извршено кривично дело.”

Одговор од #ОЈОПрилеп:

“Информацијата дека во постапувањето по конкретната пријава е констатирано дека нема елементи на кривично дело не е точна. Имено, веднаш по приемот на известувањето, надлежниот јавниот обвинител издаде насоки до МВР за обезбедување на сите потребни докази, кои вклучуваат и распит на лицата. По наредбата се постапува.”

Е сега овде има работа и за #ВнатрешнаКонтрола во МВР. Неслучајно вчера јавно прашав дали некој се обидувал да го заташка случајот затоа што синот на осомничениот е вработен во МВР.

Се јавија и од Центарот за социјални работи – Прилеп

“Од разговорот со детето и родителот стручниот тим при ЈУ МЦСР Прилеп дошол до сознание дека детето на почетокот на февруари било жртва на сексуално вознемирување.

По добивањето на ваквите сознанија од страна на ЈУ МЦСР Прилеп писмено е известена МВР Прилеп и ОЈО Прилеп.

Од страна на стручен тим при ЈУ МЦСР Прилеп се превземаат мерки на помош и заштита и психосоцијална помош и поддршка се со цел јакнење на емоционалната стабилност и состојба во понатамошниот развој на детето. ”