Незнаењето го плаќаме со живот. 14 годишно дете загина затоа што не знаеше дека не смее да се доближи на 1.5 метри до возниот електро вод.

Возрасен човек вработен во железници загина затоа што не знаеше дека не сме да се качува над вагоните. Чичко Спасе, во изјава за Клан Македонија вели дека мора да ги едуцираме нашите деца. Посебно деца кои што живеат во близина на железнички станици.

-Нон стоп има струја горе, без разлика дали има воз или нема. И дури кога се поминува, не е страшно да се качи да го помине на онаа платформа, скалички, но штом оди во висина нагоре спрема возниот вод 1,5 метри, штом влезе во онаа зона на опасност, гине, нема спас, вели чичко Спасе.

Имаше овде, додава тој, при мои очи загина човек, не можев да му помогнам. Викав, не оди бе горе, не оди бе горе, ќе загинеш, има струја 25.000 волти… готово загина на лице место.

– Едена пел до младите да не се качуваат на вагони и да не прават непотребни тие нивни егзебиции. Незнаењето се плаќа со живот, Во возниот вод има струја од 25.000 волти. И нон стоп тече струја тука, вели чичко Спасе.