Командирот на скопската Бригада за противпожарна заштита, Звонко Томески потврди за А1он дека во несреќата во Илинден има починато лице.

– Има загинато лице, според првични информации од струен удар на вагон, вели Томески за А1он.

Инцидентот кој се случил доцна вечерва околу 21 часот во полиција го пријавил С. К. Кој кажал дека во населба Илинден кај железничката станица, од страна на малолетни лица опожарена е цистерна.

– Двете малолетни деца се кај него дома и по обавениот разговор со децата посочено е дека на цистерната најверојатно има малолетно женско лице и истото е починато, се вели во првичната информација од МВР.

Сепак МВР немаа потврдена информација за починато лице, освен кажувањето на малолетниците дека на местото има починато малолетно женско лице.

На терен веднаш биле повикани противпожарната бригада, брза помош, а се упатиле и полициски службеници за расчистување на случајот. Како што посочивме од противпожарната бригада Скопје ја потврдија информацијата дека на местото е пронајдено починато лице.

Идентитетот како и точната причина за смртта ќе се утврдуваат дополнително.