Австриската полиција завчера соопшти дека во средата брутално бил претепан 32-годишен маж од Босна и Херцеговина, кој поради тешки повреди бил пренесен во болница во Куфштајн.

Според медиумите, тој бил нападнат со метални шипки, иако и самиот не знае зошто.

Според сведочењето на жртвата, се се случило во средата околу 08:20 часот на паркингот во Куфштејн, кога двајца мажи му пришле одзади и без никаква причина го нападнале и го претепале со шипки. Рекол дека не ги познава и дека се странци.

Полицијата веднаш почнала да ги бара напаѓачите, кои набрзо биле идентификувани и приведени. Според полициското соопштение, приведени се 37-годишен и 40-годишен, двајцата државјани на Северна Македонија.

– Но, за време на рочиштето тие одбија да дадат изјава. По сослушувањето тие се пуштени на привремена слобода по наредба на јавниот обвинител во Инсбрук, пренесува Независне.