Во петокот околу 7,55 часот било пријавено дека на влезот од црквата „Свети Јован“ на територија на скопската општина Карпош, бил пронајден починат 57-годишниот С.С. од Скопје.

Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт без траги на насилство.

По наредба на Јавен обвинител телото било предадено во Институтот за судска медицина за обдукција.