Високо позициониран вработен во Ракометната федерација на Македонија (РФМ) бил лишен од слобода од полицијата во раните утрински часови на 24 февруари откако кај него била пронајдена и му била одземата „бела прашкаста материја“. Во билтенот на МВР пишува дека станува збор за лицето А.В. (31), и по целосното документирање на случајот ќе биде поднесе соодветен поднесок.

Медиумите објавија дека приведеното лице е син на поранешен директор на Бирото за јавна безбедност, Лазе Велковски, a токму синот е вработен во РФМ. Во објавите на медиумите се тврдат дека кај приведениот била пронајдена дрога. Веста привлече поголемо медиумско внимание, бидејќи таткото на приведениот беше назначен за директор на БЈБ после политичките промени, но многу кусо се задржа на оваа функција, бидејќи беше разрешен откако медиумите објавија дека неговата ќерка со службено возило била на пат за Грција.

Редакцијата на 24 Ракомет писмено се обрати до Ракометната федерација на Македонија за потврда или демант дали посоченото лице лишено од слобода за која се пишува во медиумите и во билтенот на МВР навистина е вработениот во РФМ. И плус на висока позиција, близок до највисоките раководсни структури на најуспешната спортска федерација во Македонија. Доколку е точно какви мерки ќе преземе РФМ за зачувување на реномето на институцијата.

По повеќе од 12 часа чекање, и до објавување на овој текст не добивме одговор на прашањето, ниту пак какви ќе бидат следните чекори на федерацијата доколку е потврден случајот.

Вработениот во РФМ за кого во ракометните кругови се зборува дека „паднал пред полицијата“ и ги има истите иницијали, сега ја извршува функцијата на Извршен директор. Тој во 2021 година беше назначен да ја води Комисијата за лиценцирање при РФМ. Во моментов е претседател на Натпреварувачката комисија при РФМ, и дел од Комисијата кој ги оценуваше пристигнатите апликации за доделување Ваучер на спортските клубови.

За време на последното ЕП за жени каде еден дел се одржа во Македонија во ноември, беше назначен од страна на РФМ како „директор на натпреварувањето“.