Вчера во полициската станица Пробиштип било пријавено дека во Здравствениот дом „Нада Михајлова“ во Пробиштип со тешки телесни повреди бил донесен Д.С. (33) од село Злетово, пробиштипско.

Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување работни задачи во рудник во Пробиштип.

Увид бил извршен, а за случајот бил известен и трудов инспектор.