Легендата на хрватскиот ракомет Златко Сарачевиќ почина пред точно две години непосредно по победата на Подравка над Локомотив во Копривница. Светскиот и олимписки шампион почина на 60-годишна возраст

– Девојки, јас вас ве сакам, им порачал Златко Сарачевиќ на ракометарките на Подравка во Копривница по победата над Локомотив на 21 февруари 2021 година, исклучително важна на патот кон понатамошната шампионска титула на Хрватска.

Никој не можеше да верува дека тоа ќе биде последното нешто што ќе им го каже на своите ракометарки. На пат кон дома му се слошило зад воланот на семафор каде застанал на црвено. Тренерот на голманите Барбара Станчин, која била со него, веднаш повикала брза помош.

По 40 минути неуспешно реанимација, можеа само да ја потврдат прераната смрт на легендарниот хрватски ракометар на 60-годишна возраст. Обдукцијата во Општата болница Копривница потврди дека причина за смртта е срцева слабост.

– Им честитам на моите девојки што го издржаа сиот притисок и се што се случува околу нас и покажаа дека се вистински – изјави Сарач во интервју за ХРС, кое, за жал, му беше последно.

Зад себе ги остави сопругата Корнелија, синот Ноел и ќерката Ања. Кум му бил Божидар Јовиќ, поранешен соиграч во репрезентацијата.