Натпреварот „Ѕвездите на Гранд“ е во центарот на скандал откако кандидатот Душан Вукадиновиќ ја обвини членката на жирито Снежана Ѓуришиќ дека му барала пари за да остане во натпреварувањето.

Сите членови на жирито, но и Саша Поповиќ ги демантираа неговите тврдења, а сега по тој повод се огласи и фолкерот Аца Лукас кој своевремено беше дел од шоу програмата како член на жирито.

Имено, Лукас на својот Инстаграм сподели објава со следниот текст:

– Апсолутно точно. Ова е вистинската причина зошто Александар Вуксановиќ го напушти жирито на „Ѕвездите на Гранд“, пишува во сторито на кое Лукас на кратко напиша „СОГЛАСЕН“.

Набрзо следеше одговорот на Саша Поповиќ.

– Аца Лукас ги напушти „Ѕвездите на Гранд“ во договор со неговиот тогашен менаџер, исклучиво поради лични интереси. Лага е дека некогаш си заминал поради проблеми во нашата емисија, лага е дека некогаш се скарал со мене, лага е дека во натпреварувањето „Ѕвездите на Гранд“ некој им земал пари на натпреварувачите. Сето тоа многу добро го знае, само што, пак, за свои лични интереси кажува лага, изјави креативниот директор на „Гранд“.