Џенсен Панетијер почина во Њујорк на 28-годишна возраст. Веста за смртта ја соопштија членовите на семејството, пренесува TMZ.

Се уште не е позната причината за смртта на младиот актер. Според извештаите, Џансен го поминал викендот во Њујорк каде ненадејно починал.

Џенсен е брат на популарната актерка Хајден Панетијер, која е пет години постара од него, а со актерството почнал да се занимава уште на млада возраст, следејќи ги стапките на својата сестра.

Панетијер беше номиниран за награда за млад уметник во 2008 година за неговата работа на Последниот ден од летото. Имаше значајни улоги во филмовите „The Walking Dead“, „Major Crimes“, „Even Stevens“, „Blue’s Clues“, „Ice Age: The Meltdown и Robots“.

Во моментот на неговата смрт, тој работеше на пет нови проекти.