По земјотресот што вечерва ја погоди Турција, Европско-медитеранскиот сеизмички центар (EMSC) предупреди на опасност од цунами.
Според прелиминарните податоци, земјотресот бил со јачина од 6,5 степени според Рихтеровата скала, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.
Епицентарот на земјотресот бил на 20 километри западно од Антакија во провинцијата Хатај и на 75 километри од сирискиот град Латакија.
„Брегот треба итно да се евакуира, бидејќи по последниот земјотрес во Хатај постои опасност од цунами.
Земјотресот предизвика паника меѓу луѓето и оштети голем број згради, а според очевидци бил почувствуван и во Египет и Либан, пренесе британската агенција Ројтерс.
Анадолија јави дека земјотресот бил почувствуван и во Јордан и Израел. Очевидци за Ројтерс изјавија дека турските спасувачки тимови проверуваат дали има повредени во последниот земјотрес.
Be the first to write a comment.