Поранешниот НБА кошаркар и студент на колеџот Пердју, Кејлеб Свениген почина денеска на 25-годишна возраст.
Тој играше за Портланд Трејл Блејзерс и Сакраменто Кингс во текот на неговата кариера, а исто така помина добар дел во развојната лига.
Се уште не е позната причината за смртта, но се знае дека истата настапила по природен пат. Се шпекулира дека една од потенцијалните причини за неговата смрт се проблемите што ги имал со килограмите. Откако ја завршил кариерата во НБА, тој целосно се запустил себеси, па на интернет кружат фотографии на кои е целосно непрепознатлив.
Кејлеб ја освои престижната кошаркарска награда Индијана кога, во 2015 година, го предводеше својот Хоумстед до првата и единствена државна титула во историјата на тоа средно училиште.
Be the first to write a comment.