











Околу 15 часот и 10 минути на улицата „Миријевски венац“ во Белград, од засега непознати причини, дошло до придвижување на автомобил марка „пежо 307“ кое удрило во метален киоск со пуканки, а пред тоа, според изјавата на родителите, го повредило девојчето Л.Р.(4).
Имено, автомобилот бил паркиран во близина на трговскиот центар и се претпоставува дека возачот не ја подигнал рачната сопирачка на стрмнината, по што возилото тргнало и забрзало, па за брзо време се спуштило на чистината.






Како што дознава „Блиц“, на местото на настанот е испратена брза помош.
– Се шетав со син ми низ паркот, кога автомобил без возач буквално помина покрај мене. Луѓето врескаа и бегаа, настана општа гужва – изјави за Еуроњуз една од мајките која била на лице место.






Инцидентот се случил околу 15.00 часот кога во паркот и на шеталиштето имало многу луѓе, особено деца. Полицијата излегла на местото на настанот.
Сопственикот на автомобилот се уште не е пронајден.




📸
📸
Be the first to write a comment.