











Една од жешките теми откако социјалните мрежи доживеаја комерцијален бум и навлегоа во секоја пора на општеството, но и меѓу сите генерации, е – дигиталното насилство.
Накратко, дигиталното насилство ги вклучува сите видови на злоупотреба, јавно срамотење, но и закани, навреди или континуирано прогонство на поединец поради неговиот изглед, работата што ја работи или поради неговите ставови.






Нина Михас, речиси непозната инфлуенсерка со 18.000 следбеници (под познати мислиме на оние со над 100.000 следбеници) објави видео од една девојка која се дижи по улица низ центарот на Белград.
Нина во кратко видео ја следи девојката, го снима нејзиниот задник, а потоа и се смее со опис: „Благодарение на го*иот задник на непозната случајна минувачка кој ме насмеа“.






Сликата најпрво беше објавена на Твитер, а потоа поради контекстот набрзо се појави и целото видео.
“Ох, сликите не се ништо. Дали го видовте целото видео. Ова е страшно. Ја следи девојката и ја снима. Го допревме дното. Имаш 12+ години и се исмеваш со нечиј изглед бидејќи себеси се сметаш за совршена?”






„Боже, колку луѓето сакаат да плукаат по другите. Толку површност на едно место“, „Порасни“, „Уште еден насилник на Инстаграм“ „Посакувам да бев девојката од видеото, ќе ја тужев“, се само неколку во морето негативни коментари.
Ma slike su nista, jel ste videli ceo video, ovo je strasno, juri devojku i snima, bas smo dotakli dno, zamisli nivo inteligencije da imas 12+god i podsmevas se necijem izgledu jer sebe smatras sta – savršenom?! Pa eto imas neko pravo valjda jel.. pic.twitter.com/Tj0TQrFenA
— Besna Glista (@BesnaGlista10) February 16, 2023
Кон крајот на минатата година, две снимки особено ја вознемирија јавноста. Во едната учителка од Трстеник е малтретирана и снимана од ученик, додека во друг ја турка столицата на која таа седеше, а во другата Младен Дулиќ од Лакташи е на интервју за работа, снимка на која е исмејува, по што се самоуби.






Be the first to write a comment.