На една свадбена свеченост, невестата некому му го покажала средниот прст, без сомнение со јасно значење, и продолжила да си ја мести облеката како ништо да не се случило.

Се испостави дека тоа било наменето за нејзиниот свекор, кој, како што може да се види на видеото, и се обратил со многу груби зборови.

Невестата била кавгаџикаа, па почнала да се расправа со него.

Се обидоа да ги разделат, но за да не ви откриме се, погледнете во видеото:

ВИЦ: Вози Цветко во Словенија

Вози Цветко со камионот низ Словенија, и пред Љубљана го застанува полиција, и полицаецот му вика:

– Drug, migalec vam ne dela…..

Излегува Цветко од камионот, се врти на сите страни, зачуден, полицаецот па:

– Drug, pogledajte, migalec vam ne dela….

Цветко врти околу камион, се фаќа за главата, нешто не му е јасно, а полицаецот се запнал:

– Migalec vam ne dela….

А Цветко му вика:

– Абе да ти го наврам жмигавец, шо си запнал! Нели гледаш ми а нема приколицата?!

ВИЦ: Запирање во 4 сабајле

Запира полицаец возач во 4 сабајле и му вика:

– Каде одиш?

– На предавање

– На какво предавање?

– На предавање за морални вредности, колку алкохолот штетно влијае врз човечкиот организам, колку цигарите се исто така штетни и колку моето седење во кафана лошо влијае врз мојот социјален живот, врз моите финансии и врз мојот семеен живот ..

– Хаха абе кој држи такви предавања во 4 саат?

– ЖЕНА МИ!

ВИЦ ЗООЛОШКА

Студент се вработил во зоолошката градина. Првиот ден, директорот му објаснува што ќе прави:

– Значи, работата е едноставна. Тигарот умре, но не можеме да ги лишиме луѓето од оваа атракција. Затоа го зачувавме крзното, го ставаш и од 10 до 5 лежиш во кафез и се преправаш дека си тигар.

Студентот го облекол тигровото крзно и легнал во еден ќош на крајот од кафезот.

Во еден момент, во кафезот влегува лав и полека одел му се приближува на тигарот.

Студентот си помисли, толку е и го чекал својот крај.

Лавот пристапил кротко и тивко прошепотил:

– Колега, да не имаш цигари? Слонот сака да запали една.