Видеото од човек и крокодил во вода го обиколи и го шокираше целиот свет, но крие една тајна која ќе ве изненади.

Веруваме дека повеќето од вас не не помислуваат да му пријдат на крокодил, а камоли да го прават тоа што го прави овој човек. Многумина се прашуваат зошто е тоа така, а објаснувањето лежи во следново.

Овој човек своевремено извадил стрела од окото на крокодилот и на тој начин ја намалил болката што ја чувствувал крокодилот.

Оттогаш, крокодилот почнува да му верува, а овој човек го зема под своја закрила и го храни секој ден.

Ова видео ќе ве убеди дека дури и ладнокрвните животни можат да почувствуваат и да покажат љубов. Погледнете ја оваа снимка:

ВИЦ: Секретарка

Директорот излегува од работа на пладне… На вилата со секретарката… Коњак. Бонбони. Заеднички туш. И после… Безумие… Жестоко… Вечерта се враќа дома. Уморен поглед. Обичен бакнеж. И молба кон сопругата:

– Те молам стави ја вечерата, денес се уморив како куче…

Жената оди во кујната. Кременадли. Пиво. Десерт. Легнуваат во спалната, свети само телевизорот.

Жената вели:

– Цел ден го чекам овој момент… Одвај дочекав да си дојдеш…

И наеднаш – СМС. Тој скокнува бос, брзо го грабнува телефонот од масата и трча во тоалетот. Се затвора внатре за да ја прочита пораката на раат:

„Те сакам! Мислиш ли на мене? Колку јако беше денес, колку чувства имаше! А тој фантастичен оргазам… Таква сласт и задоволство… Не ли е тоа Рајот?“

Тој брзо ја брише пораката. Си ја поправа пижамата, излегува и си мисли: „Мора да бидам повнимателен во иднина. Во душата ми е пролет, но не дај боже жена ми да разбере.“

А жената со ладен поглед го чека пред вратата и налутено му вели:

– Зошто го зеде мојот телефон…?