Се уште нема вести за фудбалерот на Хатајспор, Кристијан Атсу по разорниот земјотрес во Турција, кој однесе десетици илјади животи. Атсу се уште не е пронајден под урнатините, откако хотелот во кој престојувал се урна за време на земјотресот.
Само еден ден откако постигна гол во последната секунда и донесе победа на Хатајспор над Касимпаша, нема ни трага ни глас од момчето од Гана.
Сепак, сè можеше да биде поинаку доколку Атсу отидеше да го види семејството во Франција, како што планираше ноќта пред земјотресот. Сепак, тој во последен момент остана во Турција.
Атсу сакаше да се врати во Франција и таму да најде нов клуб бидејќи не беше задоволен од минутажата во Хатај. Тој дури и доби дозвола од тренерот да го стори тоа по мечот со Газиантеп на 1 февруари, но се предаде токму поради голот шест дена подоцна.
„Требаше да оди во Франција да му се придружи на семејството, но кога одигра добро и постигна гол за Касимпаша, го откажа авионскиот билет. Земјотресот се случи на неговиот среќен ден. Неговиот лет го закажав за 23:00 часот, а потоа го откажав. Потоа во четири часот наутро имаше земјотрес. Ова е трагедија“, изјави клупскиот функционер Волкан Демирел за турските медиуми.
Имаше разни вести во врска со Атсу, во еден момент дури и велејќи дека е пронајден под урнатините, но тоа подоцна беше демантирано.
Be the first to write a comment.