Хакерите бараат 2.000 биткоини, за да ги вратат украдените податоци од Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), објави порталот МКД.

Откуп од 2.000 биткоини бараат хакерите за да му ги вратат сите податоци на Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ), објави порталот МКД, повикувајќи се на свои неофицијални извори од оваа институција.

Од Министерството за внатрешни работи велат дека таков податок немаат.

Од Фондот, пак, уверуваат дека анализата на експертските технички тимови утврдила дека при сајбер нападот нема одлевање на податоци надвор од базите.

Според нашите пресметки, вредноста на 2.000 биткоини изнесува околу 44 милиони евра.