Бојан Јовановски најавува дека утре ќе објави скандал за наводен фалсификат сторен од Кривичниот суд.
„Утре на ден 17 февруари 2023 година ќе биде доставено соопштение за јавност од страна на Бојан Јовановски со прекар Боки 13, осуден во предметот „Рекет“, во кое за јавноста ќе биде обелоденет скандал од невидени размери за сторен фалсификат од страна на Основниот кривичен суд, во поткрепа на истото, а во прилог на соопштението ќе биде доставена комплетна документација и докази“, се вели во соопштението испратено од правниот тим на Јовановски.
„Фокус“ веќе објави дека Боки 13 пред три месеци од Кривичниот суд побарал прекин на издржувањето на затворската казна поради влошување на неговата здравствена состојба. Тој барањето го поткрепил со медицинска документација, според која не постојат услови за негово лекување во затворот „Идризово“. Барањето неодамна му било одбиено, а тој се сомнева дека одлуката и решението се фалсификувани.
Be the first to write a comment.