На улиците на Стокхолм вчера е видена жестока пресметка меѓу две групи хулигани, а видеото кое стана вирално, го шокира целиот свет.

Бруталната пресметка ја режираа навивачите на Ѓургарден и Норчепинг, а јасно е дека тепачката била договорена. Во конфликтот учествувале околу 60 хулигани, 30 од едната и 30 од другата страна.

Тие се нафрлиле еден на друг, а потоа настанала општа тепачка во која не се знаело кој кого удира.

Полицијата не интервенирала, а улиците на Стокхолм само одекнувале од крикот на момчињата, кои од жестоките удари паѓале на улица.