Омажена Американка обвинета дека го задавила својот љубовник пред да го обезглави и да го фрли неговото тело, завчера го нападнала својот адвокат, а снимката била снимена од камерата во судот во Висконсин.

Тејлор Шабизнис (25) се нафрлила на нејзиниот адвокат Квин Џоли околу 8:48 часот во вторникот за време на сослушувањето за да се утврди дали таа е ментално способна да ѝ се суди.

Насилниот испад на обвинетата дојде откако во судот беше објавено од страна на нејзиниот адвокат дека на вештакот доделен да ја процени нејзината психолошка состојба ќе му треба повеќе време за да го комплетира извештајот.

Адвокатот Џоли побара двенеделно одложување на сведочењето на вештакот, а судијата се согласи, предлагајќи датумот на новото рочиште да се помести од март во мај.

Тогаш Шабизнис скокна од столот и го нападна нејзиниот адвокат, прво обидувајќи се да го удри по раката пред да го удри во главата.

Интервенцијата на надлежните беше брза. Успеале да ја совладаат 25-годишната девојка која се борела да им побегне и постепено ја убедувале да се смири.

Кога успеале, ја извадиле од судницата. Десет минути по нападот, кога продолжи сослушувањето, Џоли го извести судот за својата одлука да се повлече од застапувањето на Шабизнис.

Прашањето дали Шабизнис е ментално компетентна да ѝ се суди, ги преокупира правните власти во Висконсин од нејзиното апсење минатата година. Вештакот ангажиран од судот да ја оценува сведочеше дека има способност да се брани на судење, но вештакот ангажиран од одбраната изрази сомнеж и побара дополнителни тестови.