Жените често можат да забележат бела дамка на гаќичките во боја, односно бојата целосно избледела на еден дел. Зошто се случува ова? Тоа е всушност сосема нормална појава, пишува британскиот магазин The Sun.

Вагината има „моќ“ да ја промени бојата на вашите гаќички, а тајната е во природните pH вредности.

Нивото на pH покажува колку нешто е кисело или алкално. Ако нешто има pH ниво пониско од седум, тоа има кисели својства, а здравата вагина има pH вредност некаде помеѓу 3,8 и 4,5. Имено, киселоста на вагиналниот исцедок е она што ве штити од непријатни инфекции.

„Светлите дамки на вашата долна облека не се дамки од менструална крв или исцедок, туку станува збор за избелување. Истото како да сте пробале да ставите сок од лимон на вашата коса за да ја осветлите. Белите дамки на вашите гаќи не се знак од нечистотија или лоша хигиена, тоа е нешто што се случува кога киселоста на сосема здравата вагина ќе дојде во контакт со ткаенината, а особено е забележлива на потемните ткаенини“, објаснуваат тие.